Драма во Лисиче: Му се заканувале, го удриле со возило, па пукале

Минатата ноќ во 00.15 часот Г.С. (46) во полициска станица Аеродром пријавил дека на 04.10.2022 околу 23.50 часот на ул.„Лисец“, додека управувал патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, во кое било уште едно лице, патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки ознаки, во кое било лице кое претходно му се заканувало, удрило во неговото возило и го оштетило.

„Според пријавеното, набргу од другата страна се појавило и возило „фолксваген туарег“, а кога се обидел да избега слушнал истрели од огнено оружје кои, исто така, му го оштетиле возилото“, информираат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

05.10.2022 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа