Димитриеска Кочоска: Планот на Мицкоски на државата дава стабилност

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија кажа дека планот кој го нуди лидерот на партијата, Христијан Мицкоски дава стабилност и обезбедување енергенси за надминување на кризата.

„Тоа не е план кој што го зборуваат од Владата, тоа е можност кој што го има РЕК Битола кога би била идеална, они велат со три блока ќе работат. Трите блока, тоа е капацитетот кој што го има РЕК Битола во нормални услови, но тие не можат да работат со три блока затоа што еден блок им работи, а тоа е блок 2. И тој блок не може да постигне моќност поголема од 180 мегавати. Или ТЕЦ Осломеј, зборуваме за 160 мегавати, а работи со 70. Зборуваме за хидрата кои што не знам во каков план ги имаат ставено од страна на Владата, кои што требаше денес да имаат некаде 70% од акумулации, тие имаа 29%. Тој план не е реален, со какви бројки они располагаат. Значи денеска ние не зборувавме за нивниот план, денес се презентираше планот на претседателот Мицкоски“, истакна таа.

Димитриеска Кочоска додаде предлогот на претседателот Мицкоски е многу важен и би требало што е можно побрзо да се усвои. 

„Со што ќе работат трите блока на РЕК Битола, тоа е првото прашање. А, второто прашање е што се случи со трансформаторот, нели имаше хаварија. Речиси година дена ние немаме се уште ставен во функција. Кај Владата само преовладува „ќе“, се е тоа идно време. Но, кога во јануари, во февруари, кога ќе стигнат? Кога ќе поминат пола од грејна сезона? Во енергетиката нема време за чекање. Туку треба сега и веднаш“, појасни потпретседателката.

Потпретседателката посочи дека едниот предлог на ВМРО-ДПМНЕ е да се обезбеди гас, за кој што контакти претседателот Мицкоски е подготвен да ги даде. 

„И со тој поевтин гас кој што е поевтин од берза ќе се обезбеди производство на ТЕ-ТО од каде што топлина ќе добива градот Скопје. Со тоа нема да биде доведено во прашање греењето во Скопје. А, струјата ќе го надополнува оној дел кој што АД ЕСМ не е во состојба да го произведе. Во исто време ТЕЦ Неготино ќе добие мазут по поволни цени. Ние зборуваме за цени кои што ќе бидат под 200 евра за еден мегават час електрична енергија. А, тоа значи во овој момент вие имате над 400, јас верувам дека зимава ќе отиде и над 700 – 800 евра за мегават час. Можеби во пиковите, можеби и повеќе ќе порасне цената за мегават час. Така да ние зборуваме за производство на струја која што ќе чини 200 евра помалку, од 200 евра. Кај ТЕ-ТО нешто повеќе, но фактот дека ќе се користи топлината ја намалува за 7% цената на чинење, така и тука имаме некаде под 200 евра за еден мегават час“, појасни Димитриеска Кочоска.

Таа истакна дека со планот Македонија ќе има домашно производство на електрична енергија, а тоа од аспект на БДП е многу важно. Одливот на девизните резерви не е ист како кога би се увезувала како краен производ.

„И има огромен бенефит државата затоа што на некој начин е стабилна“, рече потпретседателката.

Димитриеска Кочоска истакна со планот на ВМРО-ДПМНЕ се дава решение и за бизнисот. Со планот ќе се обезбеди далеку по пониска цена електрична енергија за стопанството.

„Енергетиката е тотално крахирана, тотално уништена. Зошто? Зошто некој мислеше дека ќе успее такви капацитети да ги замени со обновливи извори. А, кои што денес се во многу помал капацитет, не може да ги приклучи на мрежа. Значи нешто што претседателот го зборува со години. Е, сега сме изгубиле четири години драгоцено време, а во кое што сме можеле многу да направиме за енергетиката“, истакна потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ.

Димитриеска Кочоска додаде поради неспособноста на власта фирмите трпат секојдневно загуби. ЕЛЕМ власта го уништи. ЕЛЕМ не произведува. Најниско производство во историја Македонија има. Во минатата година производство било само 3.300 гигават часа според податоците на РКЕ, а според некои нејзини информации е 3.100 гигават часа.

Потпретседателката посочи дека многу бизниси пропаднаа поради неспособноста на власта.

„Во континуитет од Владата слушам како тие не субвенционираат. Кого тие субвенционираат? ЕЛЕМ чиј е? На нас, на граѓаните. Значи они биле гласани од народот, да стават менаџери таму кои што ќе се грижат како за свое во име на сите граѓани на Македонија. Не можам јас сама на себе субвенција да дадам. Како јас ќе дадам сама на себе субвенција? Јас би рекла они се лоши стопанственици, кои што направија еден куп штети на тоа што е наше“, нагласи Димитриеска Кочоска.

 

Таа истакна дека Владата не разбира дека без компаниите Македонија ќе нема ниту работници. Ако тоа се случи сите ќе се иселат.

04.10.2022 - 23:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега