Дел од возилата на ЈСП ќе сообраќаат со изменет режим поради „Скопскиот маратон“

 

Дел од возилата од јавниот превоз денеска од 7 до 13.30 часот ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај, поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2022“, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Од 7 до 13.30 часот нема да сообраќаат линиите 4, 4А, 22А, 24, 25Б и 59Б. Во период од 8 до 9 часот нема да сообраќаат линиите 9, 16, 23, 25, 27, 50, 50А и 57, информираат од ЈСП Скопје.

По 13.30 часот се нормализира движењето на линиите.

02.10.2022 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега