Честитка од Пендаровски по повод празникот Свети Сава

Претседателот Стево Пендаровски по повод празникот Свети Сава упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Македонија.

„Почитувани сограѓани од српската заедница,

Дозволете во мое лично име и во името на сите граѓани на Република Северна Македонија најсрдечно да ви го честитам националниот ден на Србите во Република Северна Македонија – Свети Сава и да ви посакам големиот празник да го поминете во хармонија, радост и среќа.

Празнувањето на духовникот Свети Сава е дополнителен мост за наше културно поврзување со соседна Република Србија, но и особено значаен дел од мозаикот на македонското мултикултурно и мултиетничко општество.

Би сакал во оваа прилика да им се заблагодарам на сите припадници на српската заедница во Република Северна Македонија за нивниот придонес во сите сфери на општественото живеење и во градењето на демократска, просперитетна и заедничка татковина на сите.

Нека е честит 27 јануари, денот на Свети Сава“ – истакна тој.

27.01.2023 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа