Бугарски министер не е среќен со пресудата за Алабаковски и фудбалскиот меч во Скопје

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков кажа дека во Македонија имало два настани со кои не е задоволен, а еден од нив е фудбалскиот меч меѓу двете земји, како и пресудата на Ламбе Алабаковски, кој го запали влезот на центарот „Ванчо Михајлов“.

Милков на брифингот кажа дека казната за Алабасковски е најлесна можна бидејќи во Македонија казната била од шест месеци до пет години за идентично дело.

Исто така, тој смета дека на мечот во Скопје бил користен јазик кој не е соодветен бидејќи ги навредувал Бугарите.

„Има долг пат да се помине. Обидите за слободно толкување на францускиот предлог и атмосферата во Северна Македонија не го фаворизираат процесот“, вели тој.

29.09.2022 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега