Бугарија ја укинува таксата на руски гас во замена за влез во Шенген-зоната

 

Отпаѓа таксата за транзит на рускиот гас низ Бугарија, која Софија ја воведе на 13-ти октомври годинава и која пред почетокот на грејната сезона предизвика загриженост од зголемување на цените, а реагираа Македонија, Србија и Унгарија.

„Блумберг“ во извештајот за изненадното паѓање на бугарската такса потсетува и дека унгарските власти нејзиното воведување го нарекоа „непријателски чекор“ и повикаа на постапка на ЕУ за одлуката.

До пресврт дојде поради желбата на Софија да се приклучи на Шенген зоната, а по заканата на унгарскиот премиер Виктор Орбан со евентуално вето за влезот на Бугарија во Шенген.

„Во моментов ја одложуваме имплементацијата. Работиме заедно со Европската комисија и кога ЕК ќе ни даде целосен механизам, тогаш ќе го примениме повторно, ако успееме да најдеме таков механизам. Ќе го следиме заедничкиот европски пристап. Оваа такса не треба да биде еднострана од страна од Бугарија. Треба да се работи со ЕК, така што заедно со сите европски земји тој вид на такси може да бидат наметнати, на начин на кој ќе имаат реален ефект и врз економијата на Руската Федерација“, изјави Кирил Петков копретседател на владејачката „Продолжуваме со промените“, по разговорот со лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, пренесе „Дојче веле“.

Од изјавата на Борисов станува јасно дека отпаѓањето на таксата е мерка на претпазливост, со цел таа да не биде евентуална сопка на патот на Бугарија кон Шенген.

„Бидејќи сме доста, доста блиску до Шенген, и секакви варијанти тоа на некаков начин да нѐ сопне во последен момент, како што е оваа такса, јас и колегите решивме вака да пристапиме – да го примениме правилниот т.н. европски пристап. Тоа ќе ги успокои државите и добрососедството, кое отсекогаш било во нашите главни прерогативи, и ќе продолжи да биде така. И двајцата (со Петков, н.з.) сме категорични, како и нашите партии, дека мора да имаме и јасен датум за копнениот Шенген, што најмногу влијае на нашиот транспортен бизнис, економијата и сѐ останато“, изјавил Борисов, пренесе „Дојче веле“.

12.12.2023 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега