Британскиот парламент: „Вагнер“ е сериозна закана за Западот и треба да се означи како терористичка група

 

Руската платеничка група Вагнер, која се бореше во војната во Украина и чиј што лидер водеше краток и неуспешен бунт против руското воено раководство, останува сериозна безбедносна закана за Западот и треба да биде означена како терористичка група, се вели во извештајот објавен од британскиот парламент.

Извештајот „Guns for Gold: Wagner’s Network Uncovered“, е резултат на 16-месечна истрага на Комитетот за надворешни работи на Долниот дом, во кој се слушнаа стручни сведоштва од целиот свет, вклучително и поранешни борци на „Вагнер“.

Одборот остро ја критикуваше британската влада дека ја потценува групата „Вагнер“ и не прави доволно за да се спротивстави на нeјзиното влијание во земји како што се Централноафриканската Република и Судан, каде што соработува со државните безбедносни сили и е обвинета за брутален непрофесионализам и експлоатација на природни ресурси, вклучувајќи злато и дијаманти.

„Тие може да се претстават како високо обучена, професионална борбена сила, но нивната недисциплина, нивното прекумерно насилство и нивната финансиска мотивација значат дека мрежата функционира како меѓународна криминална мафија, охрабрувајќи ја корупцијата и ограбувајќи природни ресурси“, се заклучува во извештајот.

Извештајот ја опишува групата Вагнер како широка мрежа тесно поврзана со военото и политичкото раководство на Русија.

Воената група беше основана кога Русија ја почна својата инвазија на полуостровот Крим во 2014 година, а наскоро нивните борци беа позиционирани низ Европа и Африка за да учествуваат во руските геополитички цели. Пригожин дури во септември призна дека е основач и водач на групата, по долгогодишно негирање. Кремљ отсекогаш ја негираше својата вмешаност со Вагнер.

„Вагнер“ одигра клучна улога во руската војна во Украина се додека нејзиниот основач Евгениј Пригожин не почна вооружен бунт минатиот месец.

26.07.2023 - 21:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега