Британија им обезбеди на раселените Украинци 3.000 влезници за Евровизија

 

 

Британската влада ќе им обезбеди на украинските бегалци 3.000 влезници за Евровизија, бидејќи нивната земја не можеше да биде домаќин на натпреварот поради војната со Русија.

Владата, исто така, рече дека ќе обезбеди 10 милиони фунти за да помогне во одржувањето на Евровизија во мај на британска територија, наместо Украина, која победи на натпреварот во 2022 година и треба да биде домаќин на овогодинешниот натпревар.

„Денешното соопштение е потврда дека илјадници билети ќе им бидат понудени на раселените од војната за да учествуваат во шоуто во кое се слави нивната татковина, нивната култура и нивната музика“, рече британската секретарка за култура Луси Фрејзер,пренесе Танјуг.

25.02.2023 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега