Босански родители за пари ја ветиле својата 14-годишна ќерка на постар маж

 

Италијанската полиција уапси брачна двојка од Босна и Херцеговина, родители на 14-годишно девојче кое било принудувано да проси.

Девојчето било принудено да проси пред локалните продавници, а тие не ѝ давале храна и потоа ја затворале во куќата.

Откриено е и дека девојката за пари биле ветена на постар маж, иако таа јасно го одбила тоа.

На крајот, таа во солзи дошла сама во полициската станица и упатила тешки обвиненија против 41-годишниот татко и 36-годишната мајка, пишува италијанскиот Secolo d’Italia.

Таа сега е сместена во безбедна куќа, каде што е под надзор и заштита на полицијата и персоналот.

Полицијата проверува дали и нејзините браќа биле изложени на малтретирање.

28.11.2022 - 21:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега