Бочварски: Очекувам рекордна година за авиосообраќајот во земјава

 

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, денеска на Меѓународниот аеродрoм Скопје се обрати на настанот по повод проширување на базата на авиони на авиокомпанијата Визер.

Северна Македонија е атрактивна земја за сообраќај, а тоа веќе го препознаваат авиокомпанииите, рече министерот кој очекува рекордна година за авиосообраќајот во земјава.

„Оваа година ќе биде уште една рокордна и за тоа веќе сме на добар пат. Во првите четири месеци од годинава имаме раст на бројот на патници за 44 % повеќе во споредба со минатата година или раст од 11 % во споредба со 2019 година кога беше најдобра година со најголем број на превезени патници. Во овој момент може да се лета близу 50 дестинации во Европа. Од наесен токму преку финаниската подршка што ја овозможува Владата, Визер ќе воведе уште четири нови дестинации. И како резултат на сите овие бројки, можеме да заклучиме дека финансиската поддршка е оправдана и ги дава очекуваните резултати“, рече Бочварски.

Како што додаде, крајната цел е да се искористат сите капацитети што ги нуди Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле со цел овозможување квалитетни услуги за патниците.

18.05.2023 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега