Берлин, Дрезден, Прага, Љубљана – сите ќе бидат наши, вели пропагандист на Путин
Гостин во емисија на руската државна телевизија сугерираше дека Русија, по Украина, може да премине во други европски земји. Аналитичарот и експерт за Кина, Николај Вавилов, го кажа ова за време на гостувањето во емисијата „60 минути Олга Скабеева“, пренесува Newsweek.
Вавилов изјави дека во минатото Русија била присутна низ цела Европа, најмногу во Франција и Германија и дека тоа ќе се повтори и во иднина. На социјалните мрежи почна да се шири видео од неговото телевизиско појавување, а го сподели и советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко.
“Се повеќе ќе ја добиваме улогата што ја имаше Руската империја. Не се шегував во последната емисија дека Берлин, Дрезден, Прага, Љубљана – сè ќе биде наше. Видете, кога влеговме во Париз во 1815 година и во Берлин во 1945 година, тоа не е случајно“, рече тој.
„Русија е најголемата земја во Европа, огромна сила“, нагласи тој.
‼️ «Russia is the greatest country in the world, Berlin, Dresden, Prague, Ljubljana, Paris will be ours», - Russian propagandist Nikolay Vavilov on Skabeyeva's show pic.twitter.com/6PEUwZZeON
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 7, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа