Бајден пресече: Нема да разговарам со Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека не планира наскоро да разговара со рускиот колега Владимир Путин, но е подготвен да разговара со него доколку покаже интерес за завршување на војната во Украина и само по консултација со сојузниците во НАТО.

„Немам непосредни планови да разговарам со Путин“, рече Бајден за време на заедничката конференција во Белата куќа со францускиот колега Емануел Макрон, пренесе Ројтерс.

Бајден, сепак, додаде дека е „подготвен да разговара со Путин доколку тој има интерес да најде начин да стави крај на војната“, пренесе Танјуг.

02.12.2022 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега