Бајден одобри воена помош за Тајван

 

 

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден одобри воен трансфер за Тајван во рамките на програмата за надворешно воено финансирање или ФМФ, која вообичаено се користи за суверени држави, се вели во известувањето испратено до Конгресот, пренесува Ројтерс.

Министерството за одбрана на Тајван изрази благодарност, но рече дека нема коментар за деталите за помошта, истакнувајќи дека Соединетите Држави веќе помагаат во зајакнувањето на борбените способности на островот според постојните политики и закони.

Претставникот Мајкл МекКол, републикански претседател на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, рече дека му е мило што администрацијата „конечно“ му дава ФМФ на Тајван.

31.08.2023 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега