Бајден: Очекуваме утре да бидат ослободени уште заложници
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека ослободувањето на првата група заложници е „само почеток на процесот“ и оцени дека постојат реални шанси за продолжување на привременото примирје меѓу Израел и Хамас.
„Очекуваме утре да бидат ослободени уште заложници. И уште еден ден подоцна, и уште еден ден после тоа. „Во следните неколку дена очекуваме десетици заложници да бидат вратени на нивните семејства“, рече Бајден.
Тој додаде дека нема да запре додека сите преостанати заложници во Појасот Газа не се вратат дома, пишува Гардијан.
Бајден изјави дека вториот бран заложници ќе биде ослободен во наредните часови, додава Ројтерс.
Американскиот претседател нагласи дека мора да заврши „циклусот на насилство на Блискиот Исток“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа