Автобус удрил пешак на автобуска постојка во Скопје

Вчера во 16.10 часот на автобуска постојка на ул. Димитрие Чуповски, автобус управуван од В.Б. (52) од Скопје удрил во 70-годишно лице, информира МВР.

МВР соопшти дека Р.С. се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската болница „Св. Наум Охридски“.

Екипа на СВР Скопје извршила увид на терен.

18.08.2022 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега