Арсовска за отпуштањата во Водовод: Тоа се луѓе што не одат на работа а земаат плата

 

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, во гостување за Студио 10 на тв 24,  изјави дека големата бројка на вработеност во претпријатијето „Водовод и канализација“, која надминала повеќе од 100 луѓе за само неколку месеци е причина за прекинување на договорите.

Арсовска тврди дека нема да се толерираат вработените кои доаѓаат на работното место и не ги
извршуваат своите обврски.

Луѓе кои не одат на работа, а земаат плата, луѓе кои одат на работа и не работат, а земаат плата – не смее да им се дава шанса да го оштетуваат буџетот. Од сите јавни претпријатија, пред повеќе од месец испративме барање за информација околу бројката на ваквите луѓе. За жал само директорката на комунална хигиена истапи напред, кај останатите дури се вработувале екстремна бројка на луѓе. Овие вработувања се за неколку месеци – изјави Арсовска.

16.09.2022 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега