Арсовска за Мицкоски: Тој беше добро запознаен со сумите, а тоа беше доверливо - ќе има органите што да работат

 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека го гледала гостувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата на ТВ21.

„Со самото тоа што некој сите овие месеци ги криел процесите кои се одвиваат таму, а јас како градоначалник не сум добила ниту една пишана информација, ниту пак Советот добил било каква информација врзана за сите овие дејствија таму, а од друга страна видовме дека тука, токму во вашата емисија, претставникот кој што беше на опозициската ВМРО-ДПМНЕ богами и како тоа добро е запознаен со сите постапки, со сите суми, со сето она што се одвивало таму. Сметам дека е сериозна индиција за тоа што се случувало таму“, вели Арсовска.

Таа додава дека штом можело некој од надвор, за нешто што се квалификува како доверливо, толку многу добро да е информиран смета дека органите во Македонија ќе имаат со што да се позанимаваат во следниот период.Таа вели дека Мицкоски е многу добро запознаен со сумите за тендерот на Водовод и Европската инвестициона банка вреден над 130 милиони евра кои биле доверливи.

22.09.2022 - 22:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега