Арсовска: По успешниот проект во Ѓорче Петров, продолжуваме со проект за изградба на нови улици во населбата Усје во Кисела Вода
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешната прес-конференција најави дека ќе се реализира проект за нови улици во населба Усје во општината Кисела Вода.
- Град Скопје по успешната реализација на проектот за изградба на повеќе од 20-тина улици во општината Ѓорче Петров кои на барање на граѓаните за прв пат се асфалтираат, продолжува со проект за граѓаните на населеното место Усје во Кисела Вода. Со цел да нема заборавени населби, односно на сите граѓани да им обезбедиме соодветни услови за живот, активно работиме да овозможиме рамномерен развој и во урбаниот и во руралниот дел на Скопје - истакна Арсовска на денешната прес-конференција.
Градот Скопје со донесувањето на одлука за меѓуопштинска соработка со Општината Кисела Вода заради остварување на интересот на граѓаните
23.08.2022 - 12:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа