Арсовска на увид во Ѓорче Петров
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска изврши увид во градежните работи во мега-паркот „Даме Груев“ во општина Ѓорче Петров.
Како што информира Град Скопје, ЈП „Улици и патишта“ на терен веќе работи на инфраструктурното уредување на паркот, кое се одвива со одлична динамика, додека ЈП „Паркови и зеленило“ ја изведуваат првата фаза од овој нов мега парк. Се изведува подготвително рамнење на површината, прекопување и целосно обележување согласно со проектот за парковската површина.
-Во оваа фаза се врши трасирање на пешачките и велосипедските патеки и просторот за останатите содржини, а се поставуваат и потребните подземни инсталации.Изведбата на градежните активности се одвива соогласно однапред определените временски рокови, се наведува во соопштението.
Соогласно проектот, работните активности и хортикултурното уредување на мега паркот предвидува четири фази на изведба. Паркот е предвидено да биде составен од три дела со вкупна површина од над 30.000 квадратни метри. Во паркот е предвидено да бидат засадени над 2.200 дрвја. Паркот се гради на локација на која беше исчистена огромна дива депонија од над 50.000 квадратни метри.
-Oва е првиот од петте мега паркови кои ќе се градат на територија на Град Скопје, а се дел од програмата „За модерно Скопје“ на градоначалничката Данела Арсовска, посочуваат градските власти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа