Армијата заедно со граѓаните го прославува 30-годишниот јубилеј

 Со традиционално испукување на плутони, прикажување на најновата воена опрема, показни вежби и со концерт на воениот оркестар и со музички ѕвезди, Армијата на Република Северна Македонија заедно со граѓаните вечерва на Воениот стадион во Скопје го прослави 30-годишниот јубилеј. На манифестацијата присуствуваа mинистерката за одбрана, Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генерал – потполковник Васко Ѓурчиновски, амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз, како и други гости.

На настанот организиран под мотото „30 години безбедност, стабилност, доверба“ се прикажа најновата и најсофистицирана опрема на Армијата вклучувајќи ги и новите оклопни транспортери JLTV Oshkosh, вештините на армиските специјалци, како и презентација на вежба со армиски кучиња.

– Овој настан замислен е како начин на кој што го прославуваме Денот на Армијата кој всушност е утре, меѓутоа ова е ден специјално за граѓаните. Затоа е и направен овде на Воениот стадион затоа што е лесно достапен и сите граѓани може да дојдат. Изложена е најголем дел од опремата која ја поседува нашата Армија, истакна министерката за одбрана, Славјанка Петровска на вечерашната изјава за медиумите.

Додаде дека станува збор за модерна софистицирана опрема, и дека досега се доставени вкупно шест возила.

– Тие се дел од големите планови за модернизација на нашата Армијата. Тоа се лесни оклопни возила кои се составен дел на вооружувањето на нашата Армија, изјави Петровска.

Таа информираше дека до крајот на оваа година ќе стигнат уште 27 исти вакви возила, а до 2028 треба да се испорачаат сите, со коишто ќе се заокружи комплетната бројка од 96 возила.

По презентацијата на воената опрема и воените вештини следуваше концерт на Воениот оркестар како и богата музичка програма каде што настапуваа Кики, Пере, Дац и Александар, Last Expedition, DJ Babura Jr. и Еурека танцовото студио. 

17.08.2022 - 21:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега