Актерката Џејн Фонда боледува од рак
Американската актерка Џејн Фонда (84) објави дека боледува од рак.
Оскаровката, актерка и активист на својот профил на социјалните мрежи сподели дека има рак и дека веќе е на хемотерапија.
Фонда откри и дека и е дијагностициран не-Хочкинов лимфом и рече дека тоа е рак што се лекува.
Наведувајќи дека периодот на хемотерапија ќе трае шест месеци, Фонда подвлече дека нема да го прекине својот климатски активизам.
Актерката изјавила дека ракот го гледа како учителка и додала дека вниманието го посветува на лекциите што тој ги крие.
Во пораката таа зборува за здравствената услуга во нејзината земја. Фонда истакна дека има здравствено осигурување и има среќа што има пристап до најдобрите лекари и третмани. Таа додаде дека и е срам што е привилегирана во оваа ситуација.
Таа изјави дека многу семејства во САД се борат со ракот, но не секој може да пристапи до квалитетни здравствени услуги. Во таа насока, Фонда нагласи дека добивала квалитетни здравствени услуги, но дека тоа не е во ред.
Фонда, сопственичка на два Оскари, се издвојува и по својот антивоен и климатски активистички идентитет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа