Аеродром слави: Осма титула за МЗТ Скопје
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром по осми пат го освоија шампионскиот трофеј во македонското првенство, откако попладнево го победија Еуро Никел со 89:78 (21:23, 25:21, 25:18 и 18:16).
Со вкупни 3-0 во финалната серија „сино-белите“ од Аеродром заслужено дојдоа до двојната круна во сезоната 2020/21. Претходно победија и во Купот на Македонија.
На денешниот меч најефикасен во победничкиот тим беше Андреј Магдевски со 21 поен, кај гостите од Кавадарци се истакнаа Роберт Рикиќ и Никола Караколев со по 16 поени.
Трофејот на капитенот на МЗТ, Дамјан Стојановски му го предаде претседателот на кошаркарската федерација Перо Антиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа