Адора Инженеринг: Добивме цврсти гаранции дека ЕСМ АД ќе ги купи топланите Исток и Запад и ќе го плати долгот

 

АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор за закуп на топланите во сопственост на АДОРА, кои ќе се користат од страна на АД ЕСМ во процесот на обезбедување парно греење за градот Скопје, информира АД ЕСМ.

Адора Инженеринг соопшти дека добиле цврсти гаранции од ЕСМ АД дека во најбрз можен рок, според сите домашни законски прописи ќе почне постапката за купопродажба на топланите Исток и Запад и дека на компанијата ќе и бидат исплатени долговите настанати во изминатата година по основ на закуп и амортизација на топланите.

„Адора Инженеринг во интерес на граѓаните склучи краткорочен договор за закуп на топланите Исток и Запад со ЕСМ АД, кој важи од денеска до 30 април 2023 година, кој е на штета на компанијата од 550.000 евра на годишно ниво. Адора Инженеринг со фактот што ги прифати условите за закупнина од страна на ЕСМ АД дава огромен придонес, односно изврши еден вид субвенционирање на топлинската енергија за ублажување на енергетската криза во земјава“, велат од компанијата.

04.10.2022 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега