43- годишен маж пронајден починат во својот дом во Велес

 


Утрово околу 05.00 часот во СВР Велес, од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека во дом на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил пронајден починат 43 годишниот  А.А.од Велес, информира попладнево од СВР Велес портпаролот Биљана Ѓаковска.

Таа појаснува дека лекар констатирал смрт, известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Од СВР Велес најавија дека по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција во Институт за Судска медицина Скопје и се превземаат мерки за расчистување на случајот. 

29.11.2024 - 14:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега